Колкава пензија ќе зема Трамп, ако ја добие?

39

Доналд Трамп од вчера не е веќе претседател на САД, а со напуштањето на Белата куќа се стекнува со право на годишна пензија од 221.400 долари и одредени бенефиции.

Сепак, Трамп може да ја изгуби пензијата ако на претстојното заседание на Сенатот одлучат да го отповикаат.

Законот не дозволува пензија за претседателите кои за време на власта биле прекинати со отповикување.

Со оглед на тоа дека неговиот мандат заврши пред судењето, пресудата не може да го отстрани од функцијата.

Значи, ако Сенатот го осуди, веројатно ќе биде потребно да се организира и друго гласање на кое би можело да се одлучи дали има право на пензија и бенефиции.

Тоа второ гласање би го отстранила од функцијата поранешен претседател, што би резултирало и со губење на благодетите од таа функција, вели Мајкл Герхарт.

Меѓу останатите бенефиции кои ги добива покрај годишната плата, тука се и патните додатоци, канцелариски простор, плата за персоналот… Трошоците на сето тоа надминуваат милион долари годишно.

Според анализата на Националната фондација на даночни обврзници, од 2000 година до денес на четворица поранешни претседатели кои се живи поделено е вкупно 56 милиони долари.

Единствено што Трамп сигурно нема да добие е здравствено осигурување – претседателот мора да биде во сојузната канцеларија најмалку пет години за да ја добие таа погодност, па така ни Трамп ни Картер не ги исполнуваат тие услови.

Од друга страна, на Трамп пензијата можеби и не му е толку важна. Според CNN, се чини дека поранешниот претседател на САД добро се снаоѓал без плата и за време на својот мандат.

Имено, Трамп и Белата куќа редовно објавуваа дека тој својата годишна претседателска плата од 400.000 долари ја враќаше во различни оддели во владата.

Фото: Pixabay