Колкави се казните за користење на мобилен телефон при возење во европските земји

258

Секој знае дека користењето на мобилен телефон додека се вози не само што е казниво, туку може да биде и многу опасно за возачите и останатите учесници во сообраќајот.

Според направените истражувања, ризикот да направите сообраќајна незгода е за четири пати поголем ако користите мобилен телефон при возење.

Исклучоци при казнување се прават само кога се користат слушалки, односно кога рацете остануваат на воланот.

Во продолжение е листа на висината на казните што се плаќаат при правење на ваков прекршок низ земјите во Европа. Кај некои земји казните се минимални, но некаде за користење на мобилен телефон при возење се плаќа и над 200 евра.

  • Албанија – осум евра
  • Австрија – 50 евра
  • Белгија – 100 евра
  • Босна и Херцеговина – 20 евра
  • Бугарија – 26 евра
  • Хрватска – 68 евра
  • Кипар – 85 евра
  • Чешка – 39 евра
  • Данска – 201 евро
  • Финска – 50 евра
  • Франција – 135 евра
  • Германија – од 40 евра нагоре
  • Велика Британија – 111 евра
  • Грција – 100 евра
  • Италија – од 160 евра нагоре
  • Малта – 100 евра
  • Црна Гора – од 60 евра нагоре
  • Холандија – 230 евра
  • Португалија – од 120 евра нагоре
  • Романија -ц28 евра
  • Русија – 21 евро
  • Србија – 85 евра
  • Словачка – 60 евра
  • Словенија -120 евра
  • Шпанија – 200 евра
  • Швајцарија – 90 евра
  • Турција – 11 евра.

Во нашата земја казната за овој прекршок изнесува 45 евра.