Колкави се шансите да се заразите со корона за време на лет

37

Шансите за зараза со коронавирус во текот на лет со авион се помали отколку да бидете погодени од гром, се наведува во анализата на Меѓународната асоцијација за воздушен транспорт (International Air Transport Association – IATA).

Во истражувањето што го објави IATA се наведува дека помеѓу јануари и јули оваа година се евидентирани само 44 случаи на заразени со коронавирус, за кои постои сомнеж дека се заразени во тек на летови.

Во исто време, во овој период летале 1,2 милијарди патници.

Поради тоа, IATA посочува дека шансите за зараза во текот на летот се исклучително мали, пишува Independent.

Фото: Freepik