Колку атмосферата во канцеларијата е важна за продуктивноста?

163

Не смееме да го изоставиме фактот дека една третина од денот го поминуваме со колегите и во канцеларија. Тоа значи дека односот со нив, атмосферата што владее во самата канцеларија и условите во коишто се работи се меѓу најважните фактори не само за постигнување подобри резултати, туку и за здрави работни навики.

Продуктивноста значи дека сте фокусирани на она што го работите, давате сè од себе и резултатите се евидентни и неизбежни. Но, ако работите во “токсична“ средина каде што не се сложувате со колегите, постојано некој зборува, не ви е пријатно, тогаш сето тоа ќе ја наруши вашата концентрација и ќе влијае врз она што го работите.

Затоа, потрудете се да ги изгладите односите со колегите, да побарате заеднички јазик, да си најдете мирно катче во канцеларијата, каде што ќе бидете фокусирани на работните задачи.

Секогаш кога работите со различни колеги, имајте на ум дека сите тие имаат свој карактер, но не барајте сите да се прилагодат на вас. Важно е да покажете дека сте толерантни и ги почитувате различните од вас. Така, ќе се создаде атмосфера на разбирање и поддршка во канцеларијата и многу полено ќе ги поднесувате сите оние работи што на момент ве иритираат.

Не ја заборавајте поговорката “не им го правете на другите, тоа што не сакате да ви го прават на вас“. Од таа причина, можеби во вас лежи решението на проблемот со недоразбирањата со колегите. Бидете самокритични, но во исто време и внимателни, покажувајќи дека ви е грижа за вашето работно окружување што не ги исклучува колегите.

На крајот на денот, бидете благодарни што имате колеги на кои можете да се потпрете кога ќе имате потреба. Покажете им го тоа и веднаш ќе забележите дека односот кон вас ќе се подобри. Направете во канцеларијата да ви биде пријатен престојот, а тој впечаток да го делат не само вашите колеги, туку и сите соработници и партнери што ве посетуваат.

Фото: Pixabay