Колку чини барел нафта утрово? Цените паднаа под 77 долари

Цените на нафтата утрово бележат пад, па така на лондонскиот пазар Брент се тргува по цена од 76,08 долари, а барелот на американскиот пазар чини 71,90 долари за барел.

Цените на нафтата паднаа под 77 долари на меѓународните пазари во четврток, бидејќи проценките за испораките преку Ормутскиот теснец го засенија најновиот бран непријателства меѓу САД и Иран.

На лондонскиот пазар, барелот се тргуваше попладне за 1,08 долари пониско од вчерашната цена од 76,94 долари. На американскиот пазар беше поевтин за 1,26 долари и чинеше 72,26 долари.

Во првата половина од неделата, пазарите следеа нов бран ракети во близина на Ормутскиот теснец.

Кон средината на јуни, САД и Иран се согласија за рамка за преговори за завршување на војната, која предвидува отворање на Ормутскиот теснец, при што Техеран истакна дека бродовите мора да поминат низ пропишаниот коридор, по должината на иранскиот брег.

На почетокот на неделата, иранската војска испали ракети кон три танкери кои се обидоа да поминат низ Ормуз покрај брегот на Оман. По нападот, САД ја суспендираа лиценцата за продажба на иранска нафта и нападнаа цели на југот на Иран, а Техеран возврати со напади врз американските воени бази во Кувајт и Бахреин.