Колку чини билет за лет во вселената на Virgin Galactic

49

Virgin Galactic повторно почна со продажба на билети за вселената по цена од 450.000 долари.

Компанијата објави дека е подготвена да започне со комерцијални летови во 2022 година. Virgin Galactic ќе понуди три вида билети, резервација за едно место за 450.000 долари, резервација за повеќе места за семејството и пријателите и можност да ги купите сите шест места на летот за “скромна премија“, соопшти извршниот директор Мајкл Колагиер.

Резервацијата на места за “истражување на микрогравитацијата и професионална обука на астронаути“ ќе чини 600.000 долари, додаде тој. Билетите најпрво ќе им бидат понудени на оние кои претходно беа на листата на заинтересирани страни, или на луѓе кои, со уплата на депозит од 1.000 долари, се приклучија на таканаречената Заедница на вљубениците во вселената“ во последните месеци.

Фото: Facebook