Колку чини корона тестот за влез во овие земји

324

Патувањето оваа година ќе изгледа необично, но и скапо. Некои држави веќе одредија цени на тестови за корона. Ова се цените за корона тест на некои земји пренесува Телеграф.рс.

Србија

За влез во Србија ќе ви треба негативен тест на корона, не постар од три дена, а ќе треба да се издвојат 6.000 динари односно 50 евра.

Босна и Херцеговина

Како што пишуваат тамошните медиуми, за тестирање треба да се обрати во Институтот за јавно здравство. Тестирањето чини 100 евра.

Словенија

Сè уште не е одредена точна цена, но првите проценки се дека тестот нема да биде поскап од 20 евра.

Црна Гора

Цената за тестирање на коронавирус во Црна Гора според најавите ќе биде минимална.

Хрватска

Тамошните медиуми пишуваат дека овој тест во заводот за јавно здравство чини 200 евра.

Австрија

На аеродромот во Виена се нуди тестирање на коронавирус за патниците да избегнат карантин од 14 дена, и тоа по цена од 190 евра.

Германија

Трошоците приближно 200 евра се на товар на здравствено осигурување во Германија, но само доколку тестот го препорачал лекар. За другите, тоа е редовна цена.

Грција

Планот на официјалните лица е тестирањето да се прави во земјата од каде се доаѓа, па потоа безгрижно да се упатат кон Грција. Грчкиот министер за туризам Харис Теохарис најави дека цената за тестот може да биде 10 евра.

Фото: Pixabay