Колку чини „новата“ Лада Нива?

1287

Транзицијата кон воена економија очигледно не влијаеше на најголемиот руски производител на автомобили, АвтоВАЗ. Тие  ја претставија новата верзија на еден од најиздржливите теренци во историјата.

Додуша, мора да се признае дека модернизацијата доцни бидејќи беше најавена за минатата есен, а дури сега е пуштен во продажба подобрениот модел, пишува Б92.
Како прво, има интересно име. Додека Ford моментално го освојува светот со својот модел Bronco, Lada реши да смени само една буква и ја нарече „новата“ Niva Bronto.

Модернизираната Niva Bronto сега е опремена со 1,7-литарски бензински мотор кој развива 61 kW (83 КС) и 129 Nm вртежен момент и го исполнува еколошкиот стандард Euro 5.

Се разбира, Niva сè уште има постојан погон на четири тркала.

Попрестижното ниво на опрема вклучува метални браници, додека најбогатата верзија има и пластични украси на праговите и браниците, пластични капаци на тркалата и светла за магла.

Цената на автомобилот започнува од 1.303.900 рубљи, што се претвора во само 13.100 евра.

Фото: facebook