Колку чини отворање на фирма во земјите од ЕУ?

1349

protect-businessЕвропската унија функционира како една единствена економска заедница во која владеат идентични закони и регулативи, но постојат и одредени сегменти по кои секоја од земјите членки се разликува.

Една од разликите меѓу земјите членки на Унијата се однесува на трошоците и времето потребно за почнување со бизнис. Студијата на Европската комисија (ЕК) покажува дека во 2012-тата година, во просек биле потребни пет дена и 372 евра за отворање нов бизнис.

Целта на Европската унија е децентрализираната форма за административно отворање на нови компании преку едношалтерскиот систем познат како one-stop shop, како и можноста за електронска регистрација на фирмите.

Бизнисмен кој сака да отвори фирма во Италија, тоа ќе може да го направи за еден ден, но ќе мора да има дури 2.100 евра, што е најскапа административна процедура во целата Унија. Потоа следи Луксембург со 1.100 евра трошок и три дена потребни за отворање на фирма. На третата позиција се најде Грција каде што за пет дена се отвора нова фирма, а тоа ќе чини 91 евра.

За разлика од овие земји членки на ЕУ, најевтино е да се отвори бизнис во Словенија, каде што тоа не чини ниту едно евро и трае само три дена. За само 30 евра и шест дена процедура, може да се отвори нов бизнис во Велика Британија, а во топ три најевтини земји е и Ирска, каде што таа процедура чини 50 евра.

За секој старт-ап времето е навистина важно, па во земјите од Унијата најкратка е процедурата, од само еден ден, во Данска, Италија, Холандија, Полска и Португалија. Бирократската процедура е најдолга во Шпанија и трае 17,5 дена, потоа следи Шведск,а каде за отворање нов бизнис потребни се 16 дена.

Целата листа на времето и трошоците потребни за отворање нов бизнис во земјите од ЕУ, погледнете ја овде.