Колку дивоградби “никнале“ лани во земјава?

На територијата на државава лани се регистрирани 662 бесправно изградени објекти, објави  Државниот завод за статистика.

Според видот на објектот, бесправно се изградени 111 објекти за домување (16.8 %), 101 доградба, надградба и адаптација (15.3 %), 58 деловни објекти (8.8 %), 94 гаражи (14.2 %), 125 огради (18.9 %), 5 скалила (0.8 %), 19 тераси (2.9 %), 5 летни тераси (0.8 %), 50 натстрешници (7.6 %), 15 времени објекти (2.3 %) и 79 помошни објекти (11.9 %).

Најголем број бесправно изградени објекти (96.2 %) се во приватна сопственост.

Фото: Pexels