Колку државите на ЕУ трошат на војска?

46

Земјите-членки на Европската унија потрошија 162 милијарди евра за одбрана во 2018 година, што е 1,2% од бруто домашниот производ (БДП), според Евростат.

Статистичката канцеларија на ЕУ наведува дека ова претставува мало намалување на потрошувачката во однос на 2001 година, од кога Евростат собира информации за воените трошоци.

Латвија најмногу троши на одбраната, трошејќи 2,1% од БДП на војската. По неа следуваат Естонија и Грција, кои трошат по 2%, како и Кипар (1,9%), Франција (1,8%) и Литванија (1,7%).

Ирска (0,3%), Малта и Луксембург (0,5% секоја) и Австрија (0,6%) најмалку трошат на одбраната.

Земјите во регионот за кои Евростат објави податоци – Бугарија, Хрватска, Словенија – трошат помеѓу 1-1,1% на војската, a Романија одвојува 1,7% од БДП за оваа намена.

Фото:Pixabay