Колку е ефикасна и колку чини руската вакцина?

89

Руската вакцина против коронавирусот, Sputnik V на меѓунапрдниот пазар ќе чини помалку од 20 долари и ќе биде бесплатна за руските државјани, стои на официјалната страница на производителот на Twitter.

Вакцината ќе се прима во две дози, а секоја ќе чини помалку од 10 долари, додека Русите ќе ја добијат бесплатно. Објавената цена на руската вакцина е пониска од онаа на Pfizer и BioNTech, којашто ќе чини околу 15,5 евра по доза, но поскапа од Astra Zeneca којашто ќе се продава по 2,5 евра по вакцина.

Русија би можела од идната година да произведе повеќе од милијарда дози, што е доволно за вакцинирање на 500 милиони луѓе.

Според клиничките тестирања, базирани на 39 потврдени случаи и 18.794 пациенти, покажуваат дека Sputnik V, што ќе се дава во две дози, на 28-от бил била 91,4% ефикасна, а на 42-от ден се искачува на 95%.

Руското министерство за здравство ја регистрираше вакцината на почетокот на август, а тамошните медиуми пренесуваат дека добиле пријави од над 20 земји, а производството е договорено во пет земји.

Фото: Freepik