Најновото истражување на Евробарометар покажува дека поддршката на заедничката валута во земјите од еврозоната достигна рекордно високо ниво. Дури 80% од испитаниците сметаат дека еврото е добро за ЕУ, а 70% веруваат дека заедничката валута е добра за нивната земја.
Истражувањето што беше направено по барање на Европската комисија е спроведено на 17.700 испитаници од 19 земји членки на еврозоната во период меѓу 22-ри и 29-ти март оваа година.
Податоците покажуваат дека расте бројот на граѓани што ја поддржуваат идејата за заокружување и укинување на монети од еден и два цента.
Фото: Pexels











