Колку Грција ја чини пандемијата?

13

Атинскиот весник Ефимерида тон синтактон врз основа на повеќе извори ја утврди големината на загубата што во Грција ја предизвика пандемијата, со оценка дека најголемиот товар ќе падне врв грбот на вработените.

Во Грција на принуден одмор во одреден период во текот на пандемијата биле 46% од вработените во приватниот сектор. Месечно во текот на пандемијата на скоро пет милиони луѓе им биле прекинати договорите за работа, што државата ја чинело 2,7 милијарди евра колку што доби финансиска помош од Европската унија.

Просечниот надоместок на невработените работници во Грција е 474 евра месечно, но статистичкиот просек на основните расходи за живот во Атина каде што живеат 40% од населението, изнесуваше 890 евра по лице. Просечната месечна загуба на приходите од заработка на секој вработен во Грција кој поради пандемијата бил принуден да прекине со работа, изнесува од 27 до 35% во однос на просечната нето заработка во 2019 година.

Вкупниот долг на Грција и јавниот и приватниот по една година од пандемијата порасна на 343% од вредноста на бруто домашниот производ. Во тој поглед Грција е трета во светот, веднаш зад Јапонија (433% од БДП) и Канада (352% од БДП).

Јавниот долг на Грција достигна 374 милијарди евра или 208% од вредноста на бруто домашниот производ. Грчките компании во текот на 2020 година изгубија 41,6 милијарди евра од прометот, а според последните податоци, во првиот квартал од оваа година ќе изгубат уште шест милијарди евра.

Фото: Pixabay