Колку ѓубре се крие на дното на морињата?

73

nurkac

Во Тихиот океан постои огромна планина од отпад што лебди на површината на водата, но поголемиот дел од ѓубрето не лебди, туку се наоѓа на дното на океаните, сокриено од очите на луѓето, но не и од влијанието што го има врз околината и здравјето.

За да се утврди што точно се крие под површината на водата, иницијативата Project Aware одлучи да го мапира пронајдениот и изваден отпад од дното на морето. Во овој проект се вклучени 20.000 нуркачи од 60 земји, а во изминатите три години се евидентирани видовите и количината на собраното ѓубре.

Како што можеше и да се очекува, пластиката доминира во отпадот и на дното на морињата, каде од околу 400.000 примероци, 70% отпаѓаат на пластика. Потоа следат стаклото, керамиката и металниот отпад. Поточно, од 390.682 парчиња отпад, пластиката зафаќа 262.258 парчиња, потоа следат стаклени и керамички производи – 42.675 и на мешан отпад отпаѓаат 12.247 парчиња.

“Се надеваме дека ќе собереме информации за да помогнеме во подобро управување со отпадот. Нашата цел е да пронајдеме начин да се намали количината на ѓубре и да ја зајакнеме националната, регионалната и меѓународната политика што се однесува на ова прашање“, вели Тифани Лаит, директорка на проектот.

Учесниците во проектот велат дека сакаат да се ангажираат повеќе нуркачи со цел да се соберат што е можно повеќе отпад.