Во периодот јануари – јули оваа година, според вкупниот обем на надворешнотрговската размена, Македонија најмногу тргувала со Германија, Велика Британија, Србија, Грција и Кина.
Според податоците на Државниот завод за статистика, земјава извезла во Германија производи и услуги во висина од 1,3 милијарди евра за седум месеци, додека истиот период лани на извозното конто Македонија прокнижи 1,8 милијарди евра. Кога станува збор за увозот, Македонија од Германија, во периодот јануари – јули, увезе производи во вредност 424,5 милиони евра, а 549,3 милиони евра изнесуваше увозот во периодот јануари – јули 2019 година.
Кога во е прашање извозот на земјава во Велика Британија, тој за седум месеци достигна вредност од 87,3 милиони евра, што е повеќе за разлика од извозот во истиот период лани (81,6 милиони евра). Во однос на увозот, земјава од Велика Британија увезла производи и услуги во висина од 505 милиони евра, додека во периодот јануари – јули увозот беше 611,6 милиони евра.
Во однос на Србија, нашава земја во северниот сосед направила извоз од 116,77 милиони евра, додека во седумте месеци од 2019 година, извозот на Македонија во Србија изнесува 135,6 милиони евра. На страната на увозот, Македонија од Србија увезе производи и услуги, во пресметковниот период, од 313,8 милиони евра.
Инаку, вкупната вредност на извозот на стоки од Република Северна Македонија, во периодот јануари ‒ јули 2020 година, изнесува 2.968.741.000 евра и бележи пад од 20,2% во однос на истиот период од претходната година. Вредноста на увeзената стока, во истиот период, изнесува 4.062.521.000 евра, што е за 16% помалку во споредба со истиот период од претходната година. Трговскиот дефицит, во периодот јануари ‒ јули 2020 година, изнесува 1.093.781.000 евра.
Фото: Freepik