Колку ќе чини летување во Грција и Црна Гора

107

Цените за летување веќе се појавуваат во понудите на туристичките агенции во Србија кои оптимистички гледаат на претстојаната сезона. Се проценува дека цените би биле пониски ако границите се отворат порано или поскапи ако се чека последен момент. Моментално цените во Грција се слични на минатогодишните, а таква е и ситуацијата во Црна Гора, анализира Блиц.

За десетневен престој во екот на сезона (јули – август) би требало да се издвојат од 600 или 700 евра за двокреветна хотелска соба.

Во предсезона 10 ноќевања на Халкидики со автобуски превоз од Белград може да се најде од 70 евра, а со сопствен превоз само 30 евра за едно лице.

На Тасос престој од 10 дена чини од 75 до 85 евра, додека на Ставрос околу 100 евра. Во август овој аранжман би чинел 225 евра.

Сет лежалки со чадор за сонце минатата година чинеле 5 евра, што беше дупло поефтино од годината претходно. Поголеи промени не би требало да има и годинава.

Цени во Црна Гора

На крајот на мај 10 дена во приватно сместување на црногорскиот брег чини од 120 до 150 евра. Така се движат цените во Херцег Нови, Сутоморе, Улцињ.

Во Будва, Тиват или Бар, сместување во вила чини од 180 евра за 10 дена и повеќе, додека апартманите во Будва во јуни чинат 36 евра за една ноќ, иако просекот е околу 45 евра. Ноќевање во хотели во овој град чини околу 100 евра. Цените во јули се поскапи за околу 10 до 20 евра. Во Херцег Нови, ноќевање во хотел во јули чини 55 евра, додека апартманите може да се најдат за 40 евра за една ноќ.

Фото: Pixabay