Колку ќе ја чини Канада доселувањето на Хари и Меган?

187

Војводата и војвотката од Сасекс оваа недела ја изненадија британската кралица Елизабета, како и целото кралско семејство, по одлуката дека се повлекуваат од сите важни кралски должности и поголемиот дел од времето ќе го поминуваат во Северна Америка, пренесува Reuters.

Иако не откриле каде ќе престојуваат, многумина сметаат дека Канада е логичен избор, бидејќи двојката таму ги помина последните шест недели од минатата година, а Канада е дел од британската заедница на земји коишто ја признаваат кралицата како челник на својата држава.

Канадската влада најверојатно би имала законска обврска да им пружи сигурност поради нивниот кралски статус.

“Не верувам дека владата може да одбие да им ја гарантира безбедноста“, вели Лери Буш, поранешен полициски службеник кој се грижел за безбедноста на голем светски лидери, вклучувајќи го и американскиот сенатор Берни Сандерс и актерот Алек Болдвин.

Меган и Хари, исто така, би требало да се погрижат за безбедноста на нивниот син Арчи, кој би можел да стане мета на киднапери.

Инаку, канадската новинска агенција Postmedia направила анкета којашто покажала дека над 60% од 1.151 анкетиран жител на Канада ја поддржува идејата принцот Хари да биде именуван за генерален гувернер, односно претставник на кралицата во Канада.

Фото: Facebook