Колку ќе се збогати Ѓоковиќ по враќањето од Париз?

205

Српскиот тенисер, Новак Ѓоковиќ ја освои титулата на Ролан Гарос, откако го вкрсти рекетот со Гркот Стефанос Циципас и го победи.

Победата на Ѓоковиќ ќе му донесе парична награда од 1,4 милиони евра, а поразениот од Париз си заминува побогат за 750.000евра.

Со победата, Ѓоковиќ им се доближи на Роџер Федерер и Рафаел Надал кои имаат по 20 грен слем трофеи, а станува и првиот тенисер со најмалку две титули на секој од четирите грен слем турнири.

Триесет и четиригодишниот Ѓоковиќ е еден од најплатените спортисти во светот, а според податоците на Forbes од почетокот на овој месец, богатството му се проценува на 34,5 милиони долари. Тој е на 46-то место на листата најплатени спортисти за оваа година.

Магазинот нотира дека тенискиот ас и неговата сопруга Јелена, дале милиони евра за набавка на медицинска опрема за српските болници полесно да се справат со пандемијата.

Фото: Facebook