Колку ќе заработевте ако пред 10 години инвестиравте во биткоин?

74

Најголемата криптовалута во светот го достигна највисокото ниво од 63.000 долари во април, но потоа изгуби 50 % од својата вредност во следните три месеци. Цената на популарната “монета“ неодамна се намали под 30.000 долари.

Сепак, за време на викендот, имаше скок во вредноста на криптовалутата, делумно благодарение на поддршката на големите имиња како Илон Маск и Џек Дорси, изразена на неодамнешна онлајн конференција. Вчера биткоинот се тргуваше за над 38.000 долари, а денеска бележи раст од 6% и се тргува по цена 39.814 долари (08:30 утрово).

Неговата популарност нагло се зголеми во 2017 година, кога скокна од 900 на скоро 20.000 долари за помалку од една година. Но, во исто време стана познат по своите падови – неговата вредност нагло падна во неколку наврати.

Пазарната капитализација  на биткоинот изнесува од околу 736 милијарди долари, што е далеку повеќе од другите криптовалути, пишува CNBC.

CNBC направи пресметка колкава би била заработката ако сте инвестирале во биткоин пред 10 години.
Во јули 2011 година, две години откако е создаден, една монета чинеше 13,91 долари. Тогаш 1.000 долари би ви донеле 71,89 биткоини, што денес би вределе околу 2,8 милиони долари.

Фото: Freepik