Колку нè чинеше одењето во кафуле и ресторан во мај?

Според најновите податоци на Државниот завод за статистика (ДЗС), цените на угостителските услуги во мај 2026 година бележат минимално зголемување од 0,1 % во споредба со претходниот месец. Сепак, на годишно ниво, притисокот врз џебот на граѓаните е позабележлив – во мај годинава цените се за 2,6 % повисоки во однос на истиот месец лани. Најновата статистика покажува дека минатиот месец најмногу поскапеле безалкохолните пијалаци, додека цените на храната и преноќевањата во рестораните и хотелите останале стабилни.

Во периодот јануари – мај 2026 година во однос на истиот период од минатата година цените на угостителските услуги се зголемени за 2.9 %, додека во однос на декември 2025 година зголемувањето е 0.7 %.

Цените во угостителството во мај 2026 година, во однос април 2026 година, во следниве групи се зголемени за:

0.1 % кај Алколхолни пијалаци
1.4 % кај Безалкохолни пијалаци

Во групите Храна и Ноќевања не се забележани промени на цените.