Колку пари ќе потрошат Кинезите оваа година на Денот на самците

163

Кинезите денеска го одбележуват Денот на самците, на којшто оваа година планирано е да потрошат десетина милијарди долари на различни производи. Иако светот мака мачи со пандемијата, се очекува таа да не остави негатино влијание врз потрошувачката во овој дел од светот.

Денот на самците во Кина е онлајн празник за сите зависници од шопинг, којшто би требало да ги исполни очекувањата бидејќи земјата добро се справува со ширење на заразата.

Секоја година на 11-ти ноември, Кинезите навалуваат во електронска трговија, а платформите како што се Alibaba, JD.com и слично, нудат огромни попусти.

Кинезите минатата година на Денот на самците потрошија над 38 милијарди долари, а аналитичарите очекуваа дека тие оваа година ќе потрошат повеќе на увозни и странски луксузни брендови, бидејќи не можат да заминат во странство на шопинг.

Истражување на консултантска компанија покажува дека 86% од Кинезите се подготвени да потрошат во најмала рака исто каколани.

Инаку, Денот на самците е неформален празник сосема спротивен на Свети Валентин во Кина, што го слават луѓе кои не се во врска. Датумот е избран 11.11, како четири единици или сингл.

На првиот Ден на самци, во 2009 година, учествуваа само 27 брендови коишто понудија попусти.

Фото: Freepik