Колку пари ни беа потребни за да го “истуркаме“ јуни?

63

На едно просечно четиричлено семејство во текот на јуни му беа потребни 33.487 денари за ги покрие основните трошоци за живот, покажуваат податоците на Сојузот на синдикати на Македонија.

Според синдикалната минимална кошница, најголем дел од трошоците или 42,90% се за храна и пијалаци, односно најмалку 14.366 денари. За подмирување на трошоците во домаќинството, во јуни беа потребни минимум 10.422 денари.

Потоа, за превоз беа потребни 2.447 денари, за хигиена (лична и на домот) 2.330 денари, додека за облека и обувки синдикалниот минимум е 2.144 денари.

Фото: Freepik