Колку пари ни донесе лани извозот на краставици?

54

Извозот на краставици во светот лани достигна ниво од 2,7 милијарди долари, што е намалување од 7,2% во споредба со 2018 година, покажуваат податоците на World’s top exports.

Македонија е 36-та во светот продажба на краставици на странски пазари во висина од 3,7 милиони долари или 0,1% повеќе во однос на 2018 година.

Извозник број еден во светот е Шпанија со 689,4 милиони долари или 26,9% од вкупниот извоз. Меѓу петте најголеми извозници на краставици се и: Мексико (541,9 милиони долари), Холандија (521 милион долари), Канада (281,3 милиони долари) и САД (281,3 милиони долари).

Од земјите во регионот, Грција котира највисоко (9-то место) и извоз од 29,4 милиони долари. Потоа следуваат: Бугарија (11,2 милиони долари), Албанија (10,1 милион долари), Србија (9,8 милиони долари), Словенија (5,8 милиони долари), Босна и Херцеговина (5,3 милиони долари) и Хрватска (5,3 милиони долари).

Фото: Freepik