Колку пари се потребни за да влезете во клубот на Топ 1%?

119

Топ 1% е синоним за богатство и моќ, којшто на Wall Street ја симболизира централизираната моќ и нееднаквост меѓу луѓето преку износите на сметките што ги имаат. Економската нееднаквост бележи пораст, а 1% од светското население располага со 47% од глобалното богатство.

Порталот Howmuch.net направи анализа за тоа колку пари во одредена земја се неопходни за да може еден поединец да влезе меѓу ултра богатите.

Па така, според овие податоци, за да влезете во елитниот клуб на такви луѓе во Обединетите Арапски Емирати треба да имате најмалку 922.000 долари. Потоа следуваат: САД (488.000 долари), Бахреин (485.000 долари), Германија (277.000 долари), Велика Британија (248.000 долари), Франција (220.000 долари), Канада (202.000 долари), Јужна Африка (188.000 долари), Бразил (176.000 долари) и Русија (174.000 долари).

Фото: Pexels