Колку плаќаат кираџиите во земјите од регионот

122

Kолку ќе плаќате за изнајмување на стан, зависи од големината на истиот, но и од тоа каде живеете. Па така, за еднособен стан во центар на Скопје, може да платите отприлика 250 евра за месечна кирија, а во Загреб за таков стан треба да се одвојат околу 450 евра.

Анализираме врз основа на податоците со кои располага сајтот Numbeo.com колку чинат месечните кирии во главните градови на поранешните југословенски републики.

Помал стан во центар

Љубљана: недвижнини во една соба чинат во просек 612 евра.

Загреб: недвижен имот со една просторија чини во просек 477 евра.

Белград: недвижен имот со една соба во просек чини 363 евра.

Подгорица: недвижен имот со една соба чини просечно 323 евра.

Сараево: недвижен имот во една соба чини во просек 254 евра.

Скопје: недвижен имот во една соба чини во просек 250 евра.

Помал стан надвор од центарот

Љубљана: недвижен имот со една соба во просек чини 466 евра.

Загреб: недвижен имот со една соба во просек чини 364 евра.

Подгорица: недвижен имот со една соба во просек чини 234 евра.

Белград: недвижен имот со една соба во просек чини 228 евра.

Скопје: недвижен имот со една соба во просек чини 177 евра.

Сараево: недвижен имот со една соба во просек чини 166 евра.

Поголем стан во центарот

Љубљана: недвижен имот со три соби чини 1.116 евра.

Загреб: недвижен имот со три соби чини 819 евра.

Белград: недвижен имот со три соби чини 687 евра.

Подгорица: недвижен имот со три соби чини  558 евра.

Сараево: недвижен имот со три соби чини 504 евра.

Скопје: недвижен имот со три соби чини просечно 436 евра.

Поголем стан надвор од центарот

Љубљана: недвижен имот со три соби чини 809 евра.

Загреб: недвижен имот со три соби чини 598 евра.

Подгорица: недвижен имот со три соби чини 416 евра.

Белград: недвижен имот со три соби чини просечно 406 евра.

Сараево: имот со три соби чини просечно 303 евра.

Скопје: имот со три соби чини просечно 286 евра.

Фото: Freepik/ Pixabay