Колку повеќе луѓе ќе ја погледнат, толку побрзо ѝ заздравува лицето

23

reklama

Агенцијата WCRS од Лондон ја примени технологијата на препознавање на лица на билборд и направи нешто многу поинспиративно отколку таргетирање на потенцијални потрошувачи.

Заедно со организацијата Women’s Aid креираа дигитален билборд, на кој има лице на жена жртва на семејно насилство. Со помош на технологијата на препознавање на лица, колку повеќе луѓе ќе погледнат во сликата, модринките и повредите на лицето побрзо заздравуваат.

Луѓето кои ќе го задржат вниманието на билборот, се појавуваат на дисплејот.

Women’s Aid ја покрена оваа кампања со цел да го подигне нивото на свесност за домашно насилство и да собере донации.