Колку се преполни и скапи домовите во ЕУ?

75

Во Европската унија, во 2020 година, 17,5 отсто од населението живеело во пренаселени домаќинства, што значи дека немале доволно простор за сите членови на домаќинството во согласност со нивната семејна состојба и возраст, покажуваат податоците на Заводот за статистика на ЕУ (Евростат).

„Недостигот од простор во пренаселените домаќинства беше засилен со тоа што децата си играа во истите простории каде родителите се обидуваа да работат“ од далечина „за време на карантинот поради пандемијата на коронавирусот. Исто така, пренаселените средини претставуваат потенцијално поголем ризик од ширење на инфекцијата“, се проценува во извештајот на Евростат.

Меѓу земјите-членки на ЕУ, речиси половина од населението на Романија (45,1 отсто) живеело во пренаселени домаќинства во 2020 година. Ова беше случај и со околу две од пет лица во Летонија (42,5 отсто), Бугарија (39,5 отсто), Полска (36,9 отсто) и Хрватска (36,2 отсто).

Од друга страна, најниска стапка на пренаселеност е забележана во Кипар (2,5 отсто), Ирска (3,2 отсто), Малта (4,2 отсто) и Холандија (4,8 отсто).

Преоптоварени и трошоци за домување

Кога станува збор за стапката на преоптоварување со трошоците за домување, во 2020 година таа била највисока во Грција, Бугарија и Данска.

„За многу домаќинства најголемите трошоци секој месец се поврзани со трошоците за домување. Достапноста на становите може да се анализира преку стапката на преоптоварување на домувањето. „Оваа стапка го покажува уделот на населението кое живее во домаќинства кои трошат 40 или повеќе проценти од расположливиот приход за домување“, објаснуваат од Еуростат.

Стапката на преоптоварување на трошоците за домување беше 7,8 проценти во ЕУ во 2020 година, со големи јазови меѓу земјите-членки.

Стапки под пет проценти се забележани во 13 земји-членки, со најниско учество во Кипар (1,9 проценти), потоа Литванија (2,7 проценти), Малта (2,8 проценти) и Словачка (3,2 проценти).

На другиот крај од скалата, стапки над 10 отсто се регистрирани во Данска (14,1 отсто) и Бугарија (14,4 отсто), а највисока стапка е забележана во Грција (33,3 отсто).