Дали сте доволно запознаени со условите што треба да ги исполните за да земете кредит, да отворите сметка во банка или имате слободни финансиски средства што би сакале да ги инвестирате во хартии од вредност или да ги депонирате во банка? Доколку знаете за што станува збор, иако не ви се примарна професија финансиите, сепак ги знаете најважните работи. Тоа значи дека сте финансиски писмени.
Финансиска писменост подразбира способност да се разберат основните финансиски концепт за да се донесат одлуки за штедење, инвестирање и позајмување.
S&P Global Financial Literacy Survey е истражување базирано на прашањето – замислете дека имате одреден финансиски износ. Дали е побезбедно да ги инвестирате во еден или повеќе бизниси и инвестиции? Одговорот е очигледен и поврзан со диверзификација на ризикот.
Според податоците, највисока стапка на финансиска писменост има во развиените и економски силните земји, посебно оние од западна Европа и земјите од англиско говорно подрачје. Па така, нема земја во Јужна Америка, каде има повеќе од 50% финансиска писменост меѓу населението и само една земја од сите на африканскиот континент.
Земји со највисока стапка на финансиска писменост се: Данска (71%), Норвешка (71%), Шведска (71%), Канада (68%), Израел (68%), Велика Британија (67%), Германија (66%), Холандија (66%), Австралија (64%) и Финска (63%).
Од земјите во регионот: највисока стапка на финансиска писменост има Црна Гора (48%). Потоа следуваат: Грција (45%), Словенија и Хрватска (44%), Србија (38%), Бугарија (35%), Босна и Херцеговина (27%), Македонија (21%) и Албанија (14%).
Фото: Pixabay