Колку сме подготвени да донираме пари во хуманитарни цели?

80

Одвојување одреден паричен износ, па дури и симболичен за еден поединец, би можел да значи многу на луѓе или семејства кои се соочуваат со одредени потешкотии и животни предизвици. Се поставува прашањето, колку како нација сме подготвени да се солидаризираме и да помогнеме онаму каде што има потреба. Фондацијата за помош на хуманитарни организации – Charities aid foundation направи истражување што опфаќа податоци собрани во изминатите 10 години.

Кога станува збор за донирање пари, петте земји коишто предводат во светски рамки се: Мјанмар, Велика Британија, Малта, Тајланд и Холандија.

Во оваа ранг листа, Македонија е 46-та во светски рамки по донирање пари за различни хуманитарни активности.

Од земјите во регионот, Словенија е најдобро позиционирана и се најде на 35-то место. Босна и Херцеговина е 39-та. Помалку дарежливи од нас, кога се работи за донирање пари се: Србија (73-та), Албанија (75-то место), Хрватска (68-ма позиција), Бугарија (98-ма во светот) и Грција (122-ро место).

На дното на листата, од 124 земји, се најдоа овие пет земји: Грузија, Јемен, Грција, Нигер и Палестина.

Во анализата е направено и истражување за тоа колку во една земја им се помага на странците, каде што сме позиционирани на 106-то место, додека кај волонтерството сме на 112-та позиција. Акумулативниот индекс покажува дека земјава од вкупно 126 земји, сме 96-ти.

Фото: Pixabay