Колку сон навистина ви е потребно?

24

casovnik

Фото: Pexels

Експертите од National Sleep Foundation направија табела според која се гледа колку часови сон е потребно во различните фази од животот на човекот.

Но, со денешното динамично темпо, малку потешко успеваме тоа да си дозволиме.

Сепак убаво би било, барем кога можеме, на нашето тело да му го овозможиме заслужениот одмор.

Новороденче (0-3 месеци) – од 14 до 17 часа

Доенче (4-11 месеци) – од 12-15 часа

Дете (1 до 2 години) – од 11 до 14 часа

Предшколско дете (3-5 години) – од 10 до 13 часа

Дете на училишна возраст (6-13 години) – од 9 до 11 часа

Тинејџер (14-17 години) – од 8 до 10 часа

Млади (18-25 години) – од 7 до 9 часа

Возрасни (26-64 години) – од 7 до 9 часа

Постари лица (над 64 години) – од 7 до 8 часа

Недостатокот од сон го зголемува ризикот од дијабетес, срцеви заболувања и го скратува животниот век.