Во 2019 година, вкупната бруто-произведена електрична енергија од обновливи извори изнесуваше 1343.808 GWh, што претставува 22,9% од вкупната бруто-произведена електрична енергија и споредено со бруто произведената обновлива електрична енергија во 2018 година е забележан пад од 31,6%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
Бруто-произведената обновлива електрична енергија изнесува 44,2% од финалната потрошувачка на електрична енергија во домаќинствата во 2019 година.
Ветерните електрични централи лани произвеле 101.807 MWh, соларните електрични централи 23.225 MWh, биогасните централи 55.102 MWh и хидроцентралите 1.163.673 MWh.
Просечната дневна потрошувачка на електрична енергија во домаќинствата во 2019 година изнесуваше 4.0 KWh по жител, a просечната вкупна дневна бруто-потрошувачка на електрична енергија во Република Северна Македонија изнесуваше 10.2 KWh по жител.
Фото: Freepik