Колку светот ќе се промени по коронавирусот?

229

Секој економски шок остава свои последици, па ништо поинаку нема да биде ниту со коронавирусот, пишува Bloomberg.

Големата депресија од 30-тите години на минатиот век го промени ставот којшто со децении го дефинираше начинот на однесување на потрошувачите. Глобалната финаниска криза од 2008 и 2009 година, исто така, промени многу работи во економскиот поредок, а уште од тоа време голем е бројот на работници кои не можат да добијат поголема плата.

Коронавирусот, поради својата природа, создаде нови навики меѓу луѓето, принудувајќи ги да носат маски, да не излегуваат од дома, да се откажат од забрзаното движење низ градот, да прават долги списоци на потребни намирници, да ги одложат сите патувања и да работат од дома. Дури и земји со релативно мал број на заболени, преземаат строги мерки за заштита на населението.

Може ли да се замисли и “живот“ без талкање по трговски центри по неколку часа? Сето тоа е сега за сега реалност, а се верува дека многу од овие навики што ги наметна пандемијата ќе потраат уште долго време.

Многу компании ги пуштаат своите вработени да работат од дома, па не би било чудо и по смирување на ситуацијата да ја продолжат одлуката, сметајќи дека намалуваат важен трошок од нивните расходи – трошоци за наемнини, струја, вода… во деловните простории што се значително поскапи.

Поради затворање на училиштата, онлајн наставата евидентно дава резултати, овозможува интеракција меѓу наставниците и учениците на современ начин. Можеби и во иднина некои предмети ќе се учат на ваков начин.

Кина, земјата од каде што започна да се шири заразата, донесе одлука за забрана за трговија и консумирање на диви животни. Претходно, овој вид на исхрана била сосема нормална и прифатена во тој дел од светот. Исто така, строгите хигиенски правила би можеле да ја забрзаат продажбата преку интернет.

Ваквите пандемии би можеле да иницираат властите во иднина да одвојуваат многу поголеми средства за здравствена заштита со цел да се избегнат огромните трошоци што со себе ги носат епидемиите.

Фото: Pexels