Колку “тежи“ извозот на плин?

169

Извозот на течен нафтен гас (плин) минатата година достигна ниво од 267,6 милијарди долари или 10,6% помалку во однос на 2018 година, покажуваат податоците на World’s top exports.

Австралија е извозник број во светски рамки со 36,2 милијарди долари. Меѓу петте најголеми извозници на плин во светот лани беа и: Катар (33,2 милијарди долари), САД (30,5 милијарди долари), Норвешка (21,4 милијарди долари) и Германија (13,6 милијарди долари).

Македонија, според податоците, е 93-та во светски рамки, со извоз од 2.890.000 долари или 4,9% помалку во споредба со 2018 година.

Од земјите во регионот, најголем извозник на плин е Грција со заработка од 253,7 милиони долари. Следни се: Словенија (88,8 милиони долари), Хрватска (67,5 милиони долари), Бугарија (41,7 милиони долари), Србија (26,7 милиони долари) и Албанија (10,8 милиони долари).

Фото: Freepik