Колку увезуваме, а колку извезуваме од оваа житарка?

193

Од Македонија минатата година е извезена пченица во висина од 1.244.000 долари или 57,4% помалку во однос на 2018 година. Кога станува збор за увозот, во земјава се одвоени 23.448.000 долари за пченица од странски пазари или 22,5% повеќе во споредба со 2018 година, покажуваат податоците на World’s top export.

На глобално ниво, извозот на пченица лани достигна вредност од 38,8 милијарди долари или 7,1% помалку во однос на 2018 година. Меѓу петте најголеми извозници на оваа житарка лани беа: Русија (6,4 милијарди долари), САД (6,3 милијарди долари), Канада (5,4 милијарди долари), Франција (4,4 милијарди долари) и Австралија (2,51 милијарди долари).

Од земјите во регионот, највисоко е позиционирана Бугарија (11-то место) со извоз на пченица во вресноат од 967 милиони долари. Потоа следуваат: Грција (76,5 милиони долари), Хрватска (69 милиони долари), Србија (51,2 милиони долари), Словенија (24,5 милиони долари) и Босна и Херцеговина (4,6 милиони долари).

Увозот на пченица во 2019 година беше на ниво од 39,4 милијарди долари или 9,5% помалку во однос на една година претходно.

Најголеми увозници на пченица во светски рамки лани беа: Турција (2,3 милијарди долари), Египет (две милијарди долари), Италија (1,9 милијарди долари), Филипини (1,7 милијарди долари) и Индонезија (1,6 милијарди долари).

Од земјите во регионот, Грција е најголем увозник на пченица со 237,8 милиони долари. Следни се: Босна и Херцеговина (69,2 милиони долари), Словенија (47,2 милиони долари), Албанија (45,2 милиони долари) и Хрватска (28,4 милиони долари).

Фото: Freepik