Колку вода дневно треба да пиеме?

25

voda-2-pixabay

Фото: Pixabay

Индивидуалните потреби за вода се променливи. Експертите сметаат дека количината на течност, којашто му е потребна на секој организам зависи од низа фактори, пишува Ординација.хр.

Кај здравите возрасни луѓе, внесувањето на вода е регулирано со чувството на жед. Водата е есенцијална за живот и се смета за идеален пијалак, којшто ја гаси жедта и хидратизира.

Експертите препорачуваат на една внесена калорија да се испие еден милилитар вода. Според тоа, осум чаши дневно е сосема доволно за лице од 70 килограми. Но, не постои единствена формула којашто може да се примени на секој поединец. Во предвид треба да се земе и физичката активност, влажноста, климата, телесната температура и градбата на телото.

Количината на течност што дневно треба да се пие треба да е во склад со изгубените течности. Дури и благата дехидратација може да се одрази на многу кардиоваскуларни процеси и процеси што ја регулираат телесната температура.

Истражувањата покажуваат дека треба да се земе во предвид не само водата што ја пиеме, туку и течноста што ја внесуваме преку храната, овошјето, зеленчукот и другите видови на пијалаци. Течноста што ја пиеме е 81% од вкупното внесување на течности.