Колку време губиме патувајќи на работа?

17

patuvanje na rabota

Технолошкиот гигант Samsung спроведе истражување чии резултати покажуваат дека Европејците за една година, патувајќи на работа трошат цела недела.

Еден просечен човек во текот на денот губи по 45 минути патувајќи од својот дом до работното место. Во просек, Британците патуваат најкратко – 36 минути, додека на патување најмногу време губат Белгијците – скоро еден час дневно.

Поголемиот број патници, или 61% од испитаниците во истражувањето, користат автомобили, околу 10% патуваат со велосипед, додека 20% од нив на работа одат пеш. Бројот на лицата кои во зимскиот период одат пеш на работа значително се намалува, а се повеќе вработени го користат јавниот превоз за да стигнат до работното место.

Сепак, модерните патници не се многу заинтересирани за технологијата што би можеле да ја користат додека патуваат, па податоците покажуваат дека за 2% од нив користат таблети, а 3% од испитаниците ги вклучуваат нивните лап топ компјутери додека патуваат на своето работно место.