Во Македонија, домаќинствата за струја плаќале по 7,8 евра за 100 kWh, во второто полугодие од 2020 година, покажуваат податоците на Eurostat.
Во втората половина од минатата година, домаќинствата во Европската унија во просек плаќање 21,3 евра за 100 kWh, што е намалување во споредба со истиот период во 2019 година, кога цената била 21,7 евра. Пад има и кај просечната цена на гасот што достигна седум евра за 100 kWh во втората половина од 2020 година,
Даноците и надоместоците зафаќаа околу 40% од сметките за електрична енергија на домаќинствата во ЕУ во втората половина од минатата година, а за гас тие беа 32%.
Најголем пад во цената на електричната енергија за домаќинствата, во второто полугодие од 2020 година има во Холандија (-33,8%), по што следат Кипар (-24,1%) и Шведска (-17,2%).
Од друга страна, пораст во цената има во Луксембург (-10,3%), Полска (+9,7%) и Словачка (+8,8%).
Изразено во евра, најниски цени за струја во ЕУ плаќале домаќинствата во Бугарија (9,8 евра за 100 kWh), Унгарија (10,1 евро) и Естонија (12,9 евра), додека највисоки цени плаќале: Германија (30,1 евро), Данска (28,2 евра) и Белгија (27 евра).
Од земјите во регионот, најниска струја плаќаат домаќинствата на Србија (7,3 евра), потоа следи Македонија со (7,8 евра), а зад нас се и: Босна и Херцеговина (8,7 евра), Хрватска (13 евра), Словенија (14,4 евра) и Грција (16,7 евра).
Фото: Pexels