Европската унија загуби повеќе од 1,5 милијарди евра поради санкциите против Русија, изјави рускиот заменик министер за надворешни работи Александар Грушко.
Тој оцени дека тоа е „цената на политичкиот избор на елитите на овие земји“.
Според неговото мислење, Европската унија „е на пат на самоуништување“, додека, како што вели, руската економија успеала да се прилагоди на западните санкции, пренесува ТАСС.
Потпретседателот на руската влада Александар Новак даде прогноза дека руската економија на крајот на оваа година ќе порасне за 3,9 отсто, додавајќи дека тоа е значително над просечните стапки на економски раст во светот.
Институтот за економски истражувања ИФО од Минхен во својот најнов извештај потсетува дека економијата на еврозоната пораснала за 0,9 отсто на годишно ниво во третиот квартал од 2024 година.
Експертите од минхенскиот институт очекуваат економијата на еврозоната да порасне за по 1,2 отсто во 2025 и 2026 година, со големи разлики меѓу земјите-членки на еврозоната, се наведува на веб-страницата на IFO.
Фото: Pixabay