Колку заработи Хрватска со влегувањето во ЕУ?

15

evra

Официјалните податоци на Националниот фонд преку кој се извршуваат сите трансакции со Европската комисија, покажуваат дека Хрватска остварила позитивна разлика од влегувањето во ЕУ. Ако се споредат уплатите и исплатите од буџетот на ЕУ од 1 јули 2013 година до денес, нето ефектот е околу 38,5 милиони евра, пишува Индекс.хр.

Но, во меѓувреме, невработеноста расте, како и јавниот долг на државата, каматите на кредитите не се намалени, но затоа е намален кредитниот рејтинг. Но, и покрај овие негативни показатели, од Владата за Индекс велат дека направиле голем исчекор во користењето на ЕУ фондовите, според тоа колку средства се договорени, колку се исплатени, како и колку пари се вратени во буџетот на ЕУ поради неискористеност во дадените рокови.

Од Владата бенефитот го гледаат во поголема пристапност до ЕУ фондовите за финансирање на развојни потреби на земјата, во можноста за пласман на хрватските производи на тој единствен пазар, слободно движење на луѓето во земјите членки, како и во користењето на поевтин роаминг.