Колку заработи Србија од извоз на метли?

171

Србија по извозот на четки и метли е на петто место во светот и во 2018 година на овие производи заработила 6,6 милиони евра, покажуваат податоците на Светската трговска организација.

Поголема вредност од Србија во овој домен имаат само Кина, Мексико, Индонезија и Шри Ланка, додека зад себе ги остави САД коишто се на шестото место со 4,2 милиони евра.

Со српските четки и метли најмногу се чисти во Италија и Германија, каде што оди најголем дел од извозот. Потоа следат Унгарија, Хрватска, Швајцарија и Франција.

На списокот 39 земји во кои Србија извезува се и:  Обединети Арапски Емирати, Белорусија, Јордан, Нигерија, Мароко, Кина, Узбекистан и други.

Фото:Pixabay