Колку заработи земјава од извоз на сапуни?

135

Од Македонија лани се извезени сапуни во вредност од 1,3 милиони долари, што е зголемување од 4,8% во однос на 2018 година.

Во светот извозот на сапуни минатата година достигна ниво од 11 милијарди долари или 4,7% помалку во споредба со 2018 година, покажуваат податоците на World’s top exports.

Најголема меѓу извозниците на сапуни е Германија со заработка од 1,2 милијарди долари или 11,1% од вкупниот извоз. По нејзе следуваат: САД (939,5 милиони долари), Кина (657,8 милиони долари), Јапонија (585,6 милиони долари) и Малезија (564,2 милиони долари).

Од земјите во регионот, извозот на сапуни отпаѓа на: Грција (41,3 милиони долари), Словенија (32,6 милиони долари), Бугарија (20,6 милиони долари), Хрватска (14,2 милиони долари) и Србија (14 милиони долари).

Помал извоз на сапуни од нас имаат Албанија (703.000 долари) и Босна и Херцеговина (697.000 долари).

Фото: Freepik