Колку заработија најплатените јутубери во 2020 година?

48

Магазинот Forbes направи листа на најплатените YouTube ѕвезди за минатата година.

На врвот, по третпат, се најде деветгодишниот Рајан Каџи. Неговиот канал Ryan’s World на којшто јутуберот претставува нови играчки, има 27,6 милиони претплатници, а минатата година му донесе заработка од 29,5 милиони долари.

Меѓу првите 10 кои заработуваат најмногу, а креираат содржини за деца се и шестгодишната Настиа (Анастасиа Раџинска) и забавувачот и едукатор Blippi.

По Рајан, листата на Forbes изгледа вака:

  1. Jimmy Donaldson (Mr Beats) – 24 милиони долари
  2. The Dude Perfect Guys – 23 милиони долари
  3. Rhett James McLaughlin & Charles III (Rhett & Link) – 20 милиони долари
  4. Маrk Fischback – 19,5 милиони долари
  5. Preston Arsement – 19 милиони долари
  6. Анастасиа Раџинскаја (Nastya) – 18,5 милиони долари
  7. Stevin John (Blippi) – 17 милиони долари
  8. David Dobrik – 15,5 милиони долари
  9. Jeffree Star – 15 милиони долари

Фото: Freepik