Колку заработивме од извоз на тестенини?

36

Македонија е 105-та во светски рамки по извоз на тестенини, чија вредност во 2019 година изнесуваше 215.000 долари или 4,9% повеќе во однос на 2018 година.

На глобално ниво, извозот на тестенини изнесуваше 10,1 милијарда долари, што е за 0,8% помалку во однос на 2018 година, покажуваат податоците на World’s top exports.

Италија е предводник на извозот на тестенини со 29,9% удел и инкасирани три милијарди долари. Во првите пет најголеми извозници на тестенини се: Кина (929,9 милиони долари), Јужна Кореја (612,1 милион долари), Турција (607,1 милион долари) и Тајланд (547,4 милиони долари).

Од земјите во регионот, најголем извозник на тестенини е Грција со 53 милиони долари. Потоа следат: Словенија (14,5 милиони долари), Србија (13,7 милиони долари), Хрватска (9,4 милиони долари), Бугарија (1,2 милиони долари) и Босна и Херцеговина (666.000 долари).

Фото: Freepik