Италија е земја што е препознатлива по најразличните видови на тестенини, а само минатата година од нивниот извоз успеа да заработи три милијарди долари. Тоа, според податоците на World’s top exports, е скоро 30% од вкупниот извоз на тестенини, што во 2019 година достигна вредност од над 10 милијарди долари.
Меѓу најголемите извозници на тестенини на глобално ниво се и: Кина (929,9 милиони долари), Јужна Кореја (612 милиони долари), Турција (607 милиони долари) и Тајланд (547,4 милиони долари).
Од регионот, Грција има најголем извоз на тестенини и тоа во висина од 53 милиони долари. Следни се: Словенија (14,5 милиони долари), Србија (13,7 милиони долари), Хрватска (9,4 милиони долари), Бугарија (1,2 милиони долари) и Босна и Херцеговина (666.000 долари).
Македонија е 105-та во светски рамки со извоз на тестенини од 215.000 долари.
Фото: Pixabay