Колку заработува земјава од извоз на јајца?

88

Македонија е 50-та земја во светски рамки по извоз на свежи јајца, чија вредност лани достигна 687.000 долари или 19,1% помалку во однос на 2018 година.

На глобално ниво, извозот на свежи јајца лани беше на ниво од 1,9 милијарди долари или 17,1% помалку во споредба со 2018 година, покажуваат податоците на World’s top exports.

Најголем извозник лани беше Холанидија со 470,7 милиони долари, по што следат: Полска (247,8 милиони долари), Турција (215,8 милиони долари), Малезија (139,3 милиони долари) и Германија (134,3 милиони долари).

Од регионот, најмногу јајца извезува Бугарија, поради што успеа да инкасира 14,2 милиони долари. Следуваат: Хрватска (2,6 милиони долари), Србија (2,1 милион долари), Босна и Херцеговина (1,5 милиони долари), Албанија (933.000 долари), Словенија (858.000 долари) и Грција (793.000 долари).

Фото: Freepik