Колку заработуваат најголемите компании за една секунда

17

Stampa

Фото: TitleMax

Американскиот технолошки гигант Apple за една секунда остварува профит од 1.444 долари што е еднакво на 5,2 милиони долари за еден час, 127 милиони долари за еден ден или 45,7 милијарди долари годишно врз основа на податоците за нето приходите од 2016 година.

Според извештајот на TitleMax, којшто го прикажува нето приходот во секунда на најпрофитабилните американски Fortune 500 компании, на второто место се наоѓа JPMorgan Chase со 782,14 долари во секунда, а на третото место е Berkshire Hathaway со 761,30 долари во секунда. Wells Fargo е на четвртото место со 693,75 долари, додека Alphabet (Google) е на петтото место со заработка 615,96 долари во секунда.

Bank of America заработува 566,24 долари во секунда, а компанијата Microsoft се наоѓа на седмото место со заработка од 531,21 долари во секунда.

Johnson & Johnson се на осмото место со 523,05 долари, Citigroup на деветтото место со 471,56 долари и на десеттото место е Altria Group со заработка од 450,28 долари во секунда.