Институтот за Жени, мир и безбедност во Џорџтаун направи ранг листа на земји во коишто жените се чувствуваат слободно и безбедно.
Според оваа листа, во којашто се најдоа вкупно 167 земји во светот, на првите пет места се: Норвешка, Швајцарија, Финска, Данска и Исланд.
Од земјите во регионот, најдобро е позиционирана Словенија, којашто е на 13-то место. Пред нас се и Србија, којашто е 24-та и Хрватска којашто е осум места подолу. Македонија, според индексот е 37-ма во светски рамки. Зад нас се: Бугарија (39), Црна Гора (40), Грција (51), Босна и Херцеговина (56) и Албанија (57).
Петте земји во коишто жените се најмалку слободни и безбедни се: Јужен Судан, Пакистан, Сирија, Авганистан и Јемен.
Во анализата се земени предвид три главни постулати: инклузија, правда и безбедност.
Фото: Pexels