Експериментален проект за зелено домување во кинескиот град Ченгду им вети на потенцијалните жители да живеат во “вертикална шума“, со уредени градини на секој балкон.
Сите 826 стана биле продадени до април годинава, но зградите се напуштени. Проблемот? И комарците ги сакаат растенијата.
Само неколку семејства се преселиле во становите на зградите со градини од страв од инфекција, објавија кинеските медиуми.
Проектот е завршен во 2018 година и секој приватен балкон е дизајниран да обезбеди простор за раст на растенијата. Без станарите да се грижат за нив, растенијата “дивееја“ и скоро целосно проголтаа некои запоставени балкони, а потенцијалниот еко-рај беше нападнат од комарци.
Фото: YouTube printscreen