Комерцијална банка доби награда од KBC Bank Белгија

19

komercijalna banka

KBC Bank Белгија ја награди Комерцијална банка за извонредност во извршувањето на плаќањата кон странство за 2014 година – Euro STP Excellence Award.

Комерцијална банка успеа во 2014 година да постигне 99,05% процесирање на дознаките без потреба од рачна интервенција, што е исклучително висок успех.

“Ова е уште една потврда дека напорите што Комерцијална банка ги вложува во областа на меѓународните плаќања за своите клиенти, овозможуваат да се постигнат исклучително високи стандарди во оперативните процеси“, се вели во соопштението на банката.

Во текот на 2014 година, преку системот за меѓународни плаќања Комерцијална банка има извршено 70.988 плаќања.